Објавено на:

Србин остана без своето „Порше“ – Летал со 188 км на час на автопатот Куманово-Скопје

t

Денеска во 18:20 часот, на автопатот Куманово–Скопје, кај клучката „Рафинерија“, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи го лишиле од слобода Б.С.(30) од Република Србија.

При контрола во патниот сообраќај, извршена со радар, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „Порше“ со српски регистарски ознаки, управувано од Б.С. По извршеното мерење било констатирано дека возачот се движел со брзина од 188 километри на час, на делница каде што со сообраќаен знак максимално дозволената брзина е ограничена на 100 километри на час.

Поради сторениот прекршок, возилото е одземено, лицето е лишено од слобода и задржано во полициска станица за понатамошна постапка.

Управувањето со моторни возила со брзина поголема од пропишаната претставува една од главните причини за случување сообраќајни незгоди, кои често резултираат со тешки последици по здравјето и животот на граѓаните.

Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување заеднички да придонесат за побезбедни патишта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србин остана без своето „Порше“ – Летал…

Денеска во 18:20 часот, на автопатот Куманово–Скопје,…

ВЛЕН: Скандалозно, ДУИ не ги поддржа измените…

ВЛЕН обвини дека пратениците на ДУИ не…

„Трамп го склучи договорот од очај“, вели…

Врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи призна…

Се огласи бугарска амбасада во Скопје: Да…

Амбасадата на Бугарија во Скопје се огласи…

Руски шампион во борење уапсен под сомнение…

18-годишниот руски шампион и освојувач на медали…