САД изразија загриженост поради нерегуларности на изборите во Србија

САД го поздравуваат исходот од изборите во Србија, но и изразуваат загриженост поради заклучоците на набљудувачката мисија на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), соопшти Стејт департментот.
„Ние ја споделуваме загриженоста на мисијата за комбинираното влијание на нееднаков пристап до медиумите, неоправданиот притисок врз вработените во јавниот сектор за поддршка на службениците, значителните финансиски нееднаквости и злоупотребата на државните ресурси што резултираа со нееднакви услови за учесниците“, соопшти Стејт департментот.
Се додава дека САД се задоволни што повеќе кандидати и партии на претседателските, парламентарните и локалните избори, кои го поддржуваат пристапувањето на Србија во Европската унија, добија значителна поддршка на изборите – што е јасна поддршка за стратешките приоритети на Србија.
Во одговорот се наведува дека Србија им се придружила на демократиите ширум светот, вклучувајќи ги и сите нејзини соседи, во осудата на „војната на Путин во Украина“, јави Бета.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривичен го отфрли предлогот за мерки за…
Судија на претходна постапка при Основниот Кривичен…
Во куќа во скопско Средно Коњари пронајдена…
На 26.12.2024 во 21.20 часот во СВР…
Се задолжуваме и во ЕУ и тоа…
Во Собранието е доставен Предлог-законот за задолжување…
„И вие да научите нешто“: Белградските студенти…
Студентите од белградските факултети се собраа пред…
ДУИ незадоволен од тоа што не е…
ДУИ е незадоволен од тоа што не…