Објавено на:

САД изразија загриженост поради нерегуларности на изборите во Србија

t

САД го поздравуваат исходот од изборите во Србија, но и изразуваат загриженост поради заклучоците на набљудувачката мисија на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), соопшти Стејт департментот.

„Ние ја споделуваме загриженоста на мисијата за комбинираното влијание на нееднаков пристап до медиумите, неоправданиот притисок врз вработените во јавниот сектор за поддршка на службениците, значителните финансиски нееднаквости и злоупотребата на државните ресурси што резултираа со нееднакви услови за учесниците“, соопшти Стејт департментот.

Се додава дека САД се задоволни што повеќе кандидати и партии на претседателските, парламентарните и локалните избори, кои го поддржуваат пристапувањето на Србија во Европската унија, добија значителна поддршка на изборите – што е јасна поддршка за стратешките приоритети на Србија.
Во одговорот се наведува дека Србија им се придружила на демократиите ширум светот, вклучувајќи ги и сите нејзини соседи, во осудата на „војната на Путин во Украина“, јави Бета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лебот нема да поскапи, а сè друго…

Инфлацијата во април споредбено со истиот месец…

(Видео) „Ви благодарам драги луѓе“: Никола Роквиќ…

Пејачот Никола Роквиќ пешачи на 17. ден…

Македонските ракометари вечерва против Фарски Острови

Македонската машка ракометна репрезентација вечерва на гостински…

Хрватска: Пленковиќ договори формирање влада со десничарското…

Партијата Хрватска демократска заедница (ХДЗ) денеска постигна…