САД и испорача на Украина стотина дронови камикази

САД испорачаа повеќе од 12.000 противтенковски системи, 1.400 противвоздушни системи и неколку стотици дронови камикази во Украина, соопшти администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден.
Новите податоци од администрацијата беа објавени откако САД одобрија нова испорака на оружје за Украина во вредност од 100 милиони долари, така што вкупната помош на Вашингтон од почетокот на руската инвазија врз Украина достигна 1,7 милијарди долари, јави Си-Ен-Ен.
САД на Украина и дадоа и бројни системи „Стингер“ и „Џавелин“, како и повеќе од 7.000 противтенковски системи, стотици беспилотни летала, повеќе од 50 милиони парчиња муниција, 45.000 панцири и шлемови и ракетни системи управувани со ласер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кацарска: Ништо не се губи ако се…
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, вечерва…
Кацарска објасни: Кривичниот законик не важи за…
Добрила Кацарска, претседателката на Уставниот суд гостуваше…
(Видео) “Апасиев е будала, не може да…
Уредникот на Инфомакс, Александар Митовски, вечерва открива…
(Видео) Како не им е срам?! Наместо…
Наместо да излезе на протест за Онкологија,…
Шоле ќе ги смирува Вучиќ и Курти:…
Специјалниот советник во Стејт департментот, Дерек Шоле,…