Санду: Обединувањето со Романија би донело поголема безбедност за Молдавија
Претседателката на Молдавија, Маја Санду, маргините на вчерашниот Молдавски безбедносен форум во Кишињев, изјави дека го поддржува обединувањето со Романија и верува дека таквото сценарио би ѝ обезбедило на нејзината земја повисоко ниво на безбедност, објавија денеска романските медиуми.
– Верувам дека Молдавија би имала поголема безбедност заедно со Романија. Оваа дискусија се води од првиот ден на независноста, истакна Санду, додавајќи оти обединувањето е можно само ако постои волја кај мнозинството.
Санду посочи дека според анкетите, мнозинството граѓани не се за обединување со Романија, но ја поддржува интеграцијата во Европската Унија.
Според неа, Романија отсекогаш ѝ помагала на Молдавија и има важни заеднички проекти во енергетскиот сектор и во други области.
– Романија е увозник број еден на стоки од Молдавија и е наш главен економски партнер. Затоа, сè што се случува во Романија влијае и на нас, нагласи Санду.
На почетокот на годината, Санду изјави дека би гласала за обединување со Романија доколку се одржи референдум за ова прашање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Санду: Обединувањето со Романија би донело поголема…
Претседателката на Молдавија, Маја Санду, маргините на…
Пред нас се два продолжени викенда во…
Октомври годинава носи два продолжени викенда за…
КОРИДОРОТ 8 ЗА БРИСЕЛ Е ВАЖЕН И…
Македонија засега не е активно вклучена во…
Кузеска: Левица не гласаше за минимална плата,…
На прес-конференција, портпаролката и членка на Извршниот…
Како Наполеон Бонапарта му даде име на…
Не ми е и мене лесно. Понекогаш…