Санчез: Нема докази дека Мароко бил вмешан во миграциската криза во Сеута

t

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска во Парлментот во Мадрид изјави дека нема „цврсти докази“ за можна вмешаност на мароканската Влада во упадот на околу 70.000 мигранти од Мароко во Сеута на крајот на јули.

Можната улога на Мароко во мигрантската криза во шпанската енклава Сеута на бргот на Северна Африка беше тема на денешната дебата во Парламентот, при која Санчез меѓу другото мораше да одговара на прашања на пратниците и за наводите во медиумите за постоење на доверлив полициски извештај во кој тврди дека мароканските власти го организирале масовниот прилив на мигрантите во Сеута со цел да ја дестабилизираат шпанската граница.

Санчез ги повтори тврдењата на шпанското Министерство за внатрешни работи дека високи полициски службеници увериле оти „не е издаден никаков извештај со кој одговорноста за упадот се припишува на влада, служба или поединец, бидејќи организаторот зад споменатиот упад останува непознат до ден-денешен“.

Во наводите протечените делови од извештајот се наведува и дека мароканската полиција распоредила „значително помалку полицајци од вообичаеното“ на границата со шпанската енклава Сеута кон крајот на јули, како и дека биле „неактивна“ при упадот на мигрантите.

Санчез посочи дела се согласува со оценките дека мароканските безбедносни сили биле „нелативно“. „Полицијата 10 часа дозволи преминување на границата“, рече шпанскиот премиер.

Санчез остро ги осуди изјавите на некои марокански министри кои го оспоруваа суверенитот на Шпанија над Сеута и втората енклава Мелиља и го повика шпанскиот кралот Фелипе Шести да ги посети двата града „во наредните недели“.

Последната посета на шпански монарх на двете енклави датира од крајот на 2007 година, кога двата града ги посети таткото на Фелипе, кралот Хуан Карлос, што доведе до дипломатска криза во односите меѓу Шпанија и Мароко.

Шпанската Влада постојано отфрла каква и да било одговорност на властите на Мароко за масовниот прилив на мигранти во Сеута, поради што беше критикувана од опозицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Санчез: Нема докази дека Мароко бил вмешан…

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска во Парлментот…

Албанија го забрани увозот на месо од…

Албанија официјално го забрани увозот на месо…

Ѓорѓиевски: Од утре почнува пробивањето на трасата…

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во…

ЦУК: Македонски хеликоптер за првпат гасне пожар…

„По барање на Република Косово, Република Северна…