Ѓорѓиевски: Од утре почнува пробивањето на трасата кај мостот „Генерал Михајло Апостолски“
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето во емисијата „Колегиум“ на телевизија Алфа најави дека од утре започнува уривањето на објектите и пробивањето на трасата кај мостот „Генерал Михајло Апостолски“.
Ѓорѓиевски информираше дека е завршен рокот за иселување на жителите на кои им е целосно исплатена експропријацијата, со што се отстранети сите пречки за почеток на активностите. Со пробивањето на трасата ќе се создадат услови мостот конечно да биде целосно ставен во функција.
Станува збор за мостот кој во јавноста со години беше познат како „мостот што не води никаде“ и „мостот за ловење риба“, бидејќи беше изграден без соодветно сообраќајно поврзување.
Градоначалникот посочи дека практиката од минатото, граѓаните да бидат оставани без одговор и со години да чекаат исплата, е завршена. Надоместокот за експропријацијата бил исплатен уште следниот ден, а Градот им помогнал на жителите и во целиот процес на иселување.
Ѓорѓиевски нагласи дека лично застанал зад овие граѓани и дека ниту еден човек не бил оставен сам да се справува со проблемот.
Со почетокот на пробивањето на трасата се исполнува уште едно големо ветување. Иако реализацијата беше најавена во рок од четири години, проектот ќе биде завршен многу порано – како доказ дека кога се работи одговорно и посветено, резултатите не чекаат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вештачка интелигенција испратила лажна дојава за убиство…
Моделот за вештачка интелигенција Клод на компанијата…
Масакр во Пенсилванија: Деветмина загинаа, меѓу нив…
Во масовно пукање во градот Ири, во…
Москва ја поздрави пораката на Трамп за…
Специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин…
По ракетните напади, Амбасадата со препораки за…
Амбасадата на Македонија во Абу Даби упати…
Папата Лав: Смртната казна е неприфатлива
Папата Лав XIV повторно се изјасни против…