Сведоштво на мајка: „Моите деца беа жртви на брутално врсничко насилство“
Скопјанка преку објава на социјалните мрежи сподели потресно лично сведоштво за врсничкото насилство, истакнувајќи дека проблемот не е само општествен, туку длабоко поврзан со воспитувањето во семејството.
Таа во својата објава наведува дека веќе неколку дена јавноста реагира на случаи на врсничко насилство, но дека таа ситуацијата ја гледа и низ професионална и низ мајчинска перспектива, нагласувајќи дека траумата не исчезнува со текот на времето, туку со неа се учи да се живее.
Во својата објава таа споделува дека нејзината ќерка била жртва на сериозно насилство во основно училиште, како и дека денес се соочува со последици кои влијаат на нејзината социјална сигурност и секојдневие.
„Беше претепана додека јас бев надвор од државата молчела за да ме заштити мене, познавајќи го мојот карактер”, стои во објавата.
Исто така, во објавата наведува дека и нејзиниот син бил изложен на физичко и психичко насилство од врсници, како и на навреди и изолација.
„Минатата година, мојот син Леон беше удрен со бокс во грбот во училишниот ходник , беше исмеван дали е машко или женско од деветто одделенец .Во парк му беше фрлена петарда и исмеван за неговата реакција. Пред мои очи, пред зграда, три деца му се нафрлија да му бараат пари. Му велеа дека е „ретардиран “, “ стои во објавата.
Таа во својата објава додава дека, и покрај јавните кампањи, реалната состојба во секојдневниот живот на децата не се менува доволно, посочувајќи дека многу деца сè уште се без вистинска социјална поддршка и пријателска средина.
Во објавата се упатува и силен апел до родителите да посветат поголемо внимание на воспитувањето и емоционалниот развој на децата, нагласувајќи дека насилното однесување често е последица на домашни проблеми или емоционално запоставување.
Таа предупредува дека игнорирањето на проблемот може да доведе до долгорочни психолошки последици кај младите, кои понатаму се пренесуваат во нивниот возрасен живот, образование и односи, стои во објавата.
Објавата завршува со повик за поголема свесност, дијалог и заедничка одговорност во справувањето со врсничкото насилство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сведоштво на мајка: „Моите деца беа жртви…
Скопјанка преку објава на социјалните мрежи сподели…
Рубио: Имаме индикации дека Моџтаба Хамнеи е…
Американскиот државен секретар, Марко Рубио, изјави дека…
Коњановски: Пешаците ќе го заобиколуваат трансформаторот
Денес градоначалникот Тони Коњановски одржа прес-конференција на…
Завршни зборови во случајот против Стојанче, обвинет…
Денеска во судот се закажани завршните зборови…
Компанијата-изведувач во Кисела Вода за 4 години…
Компанијата „Јакимовски“, која е изведувач на зградата…