Коњановски: Пешаците ќе го заобиколуваат трансформаторот

t

Денес градоначалникот Тони Коњановски одржа прес-конференција на која се осврна на повеќе актуелни теми, но најголемо внимание привлече новоасфалтираната улица СРУ-5 во Касарната – веќе позната во јавноста како „Улица Трафостаница“.

Информираше дека улицата се уште не е пуштена во употреба, дека е изградена според постоечки проект стар 15 години, дека не е и неможе да се промени проектниот план и дека трансформаторот не претставува функционален проблем, а показ за тоа е добиеното сообраќајно решение.

За оваа тема новинарите прашуваа зошто улицата не е минимално поместена, кој е одговорен за ваквото решение и дали сепак има промена во проектот, каде ќе биде тротоарот?

„Во планската документација која е во сила она што можеме да го видиме на терен во моментот е понуденото решение за овој трансформатор каде пешачката патека е предвидено да го заобиколи трансформаторот. “ – рече Коњановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прегазен пешак на булевар во Скопје

МВР информира дека синоќа во 20:40 часот…

Муцунски за Ива Михаилова: Непристојно е земја…

Навистина е непристојно една земја членка на…

Ристовски за „Спорт фокус“: Инвестираме во спортската…

Министерот за спорт, Борко Ристовски, гостуваше во…

Гаши за гласањето во недела: Во Брвеница…

На вториот круг на локалните избори во…

Мицкоски: Јас сум за отворање рудник за…

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски  на денешната…