Компанијата-изведувач во Кисела Вода за 4 години добила 4 забрани за работа и 14 прекршочни платни налози за безбедност и здравје при работа

t

Компанијата „Јакимовски“, која е изведувач на зградата во Кисела Вода, каде во насип од земја пред четири дена загина еден работник, а четворица беа повредени за четири години имала четиринаесет прекршочни платни налози, 4 забрани за работа и 2 решенија со наредба за отстранување на недостатоци за безбедност и здравје при работа, велат од Државниот инспекторат за труд за Инфомакс.

„Во „Компанија Јакимовски” ДООЕЛ Скопје од 2022-2026 година инспекторите од областа на безбедност и здравје при работа имаат извршено вкупно 14 инспекциски надзори, при што се изречени следните инспекциски мерки: 2 решенија со наредба за отстранување на утврдени недостатоци за БЗР, 4 решенија забрана за работа за утврдени недостатоци кои можат да предизвикаат непосредна опасност по живот и здравје до отстранување на недостатоците и издадени се 14 прекршочни платни налози. Надзорите се вршени на градежни објекти на локации во општините Кисела Вода, Аеродром, Гази Баба и Центар“, рекоа за Инфомакс од Државниот инспекторат за труд.

На градилиштето пак, се санира штетата и опасноста по околните објекти од лизгањето на земјата. Општинскиот градежен инспектор издаде забраната за градежни активности, односно изградба на станбената зграда, која ќе биде на сила додека не заврши истрагата на обвинителството.

Прашања испративме и до „Компанија Јакимовски“, но одговор не добивме.

Александар Тодески

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По пет години пауза, од 1 април…

Македонските патници од 1 април 2027 година…

Авион што летал од Германија за Турција…

Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…

Скопјанец снимен како од камион истура градежен…

50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…

Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…

Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…

Во Скопје посебен сообраќаен режим поради посета…

Посебен режим на сообраќај ќе има денеска…