СДСМ бара стопирање на Просторниот план поради рудниците и дата-центрите

t

СДСМ бара стопирање на Нацрт-просторниот план, обвинувајќи дека Владата планира отворање пет нови рудници, ископ на антимон и изградба на дата-центри, додека, според партијата, јавноста сè уште нема добиено одговори за безбедноста на водата во Гостивар и повеќе други населени места.

Од партијата велат дека поминале 11 недели од случајот со водата во Гостивар, а сè уште нема објавен извештај за причините и одговорноста. СДСМ наведува и дека претходно било објавено оти водата во околу 50 населени места низ Македонија не била исправна за пиење.

„11 недели нема извештај, нема одговори, нема одговорност. Нема одговор кој ги загади реките Лепенец и Вардар“, наведуваат од СДСМ.

Партијата го поврзува прашањето за водата со предложените решенија во Нацрт-просторниот план, во кој, според нив, се предвидени пет локации за нови рударски активности – Иловица-Штука, Казандол, Плавица, Кадиица и Луке, како и геолошки истражувања на планината Кожув.

Од СДСМ посебно реагираат на можноста за ископ на антимон, метал кој има примена и во воената индустрија. Партијата предупредува на можните последици од рударската јаловина врз почвата и водите и тврди дека ваквите проекти мора да бидат предмет на сериозна проценка на влијанието врз животната средина и здравјето на населението.

Во соопштението се отвора и прашањето за најавените дата-центри.

Од СДСМ тврдат дека компанија веќе објавила дека обезбедила пристап до 100 мегавати електрична енергија и до реката Вардар, а од Владата бараат јавноста да биде информирана за проектите, потрошувачката на вода и струја и условите под кои тие би се реализирале.

Партијата ја обвинува Владата дека приоритет им дава на деловните интереси пред заштитата на природните ресурси и здравјето на граѓаните.

„Бараме стопирање на Просторниот план. СДСМ ќе се спротивстави на оваа распродажба на штета на народот“, се наведува во соопштението.

Од СДСМ порачуваат дека прашањата за рудниците, водата, земјиштето и големите енергетски проекти мора да се решаваат транспарентно и со вклучување на јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ бара стопирање на Просторниот план поради…

СДСМ бара стопирање на Нацрт-просторниот план, обвинувајќи…

Македонците ChatGPT го користат повеќе за муабет,…

Во споредба со другите европски земји, Македонците…

Акција на МВР и АНБ: Претреси на…

Изутринава на повеќе локации во Скопје се…

Калас: ЕУ мора да биде подготвена за…

Постојат докази дека Русија подготвува понатамошна саботажа…

Осум американски маринци биле повредени при ирански…

Досега непознати детали за директен судир меѓу…