Акција на МВР и АНБ: Претреси на повеќе локации, пронајдено знаме на ИСИС и оружје
Изутринава на повеќе локации во Скопје се вршат претреси поради основано сомнение дека група од околу пет лица се занимавала со лихварство и индоктринација и поттикнување тероризам, дознава „Слободен печат“ од свои извори во безбедосно-разузнавачката заедница вклучени во акцијата.
Акцијата ја спроведуваат Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност. Според нашите извори досега при претресите се пронајдени знаме на ИСИС, оружје и муниција. Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.
Извор: Слободен Печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес со магнитуда од 5,0 степени во…
Земјотрес со пријавена магнитуда од 5,0 степени…
Масовни протести во Франција, запален и еден…
Судири избувнаа меѓу демонстрантите и полицијата во…
Арагчи ја предупреди Европа на „разорен удар“…
Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, предупреди…
ФИЛИПЧЕ РЕШИ ДА СЕ ПРЕСМЕТА И СО…
За Платформата Бихаќка тврди дека подготвува нова…
МВР со детали за тепачката меѓу навивачите…
Според информациите од МВР, помала група припадници…