СДСМ го прозва обвинителот за случајот Гостивар: Дали и Савески е на екскурзија?
Клековски конечно прозборе. Во водата во Гостивар имало „многу различни бактерии и вируси“. Претходно Мицкоски уверуваше дека водата е технички исправна. Како знаеше? Имаше „чувство“, прашуваат од опозициската СДСМ.
„Сега фокусот е на следење хепатит. Зар истиот Клековски не тврдеше дека епидемијата завршила, иако долго време ја криеше?
Сега повторно има проблем, а тој како „стручњак за хепатит“ ја следи ситуацијата?
Тошковски сигурно исто ја следи – како стручњак за хиперхлорирање и испирање цевки. А како тогаш со недели уверуваа дека водата е „технички исправна“? Како граѓаните да ја користат за капење и миење кога во неа имало бактерии и вируси? Како Мицкоски, Клековски и Тошковски да зборуваат за контрола, кога претходно рекоа дека водата може да се користи?
Клековски минатата недела најавуваше дека водата наскоро ќе биде за пиење. Сега е полна со бактерии. Не една – туку многу различни. И сè уште нема ниту еден јавно објавен документ врз основа на кој дозволија користење на „техничка“ вода.
Илјадници луѓе се отруени. Речиси 5.000 луѓе завршија по болници. Отруена е и самата болница во Гостивар – пациентите се превезуваат во Тетово. И сè уште нема никој да одговара, ниту едно име од власта.
Ама знаеме кој даваше изјави дека водата може да се користи. Знаеме кој дозволи да се користи вода која била загадена уште пред јавноста да дознае за труењето. Имаме и изјава од Стојанче Ангелов дека има бактерии.
А Обвинителството? Ало, Савески? Дали сте на екскурзија? Или правилото „обвинителот не се повикува“ важи само кога не станува збор за Мицкоски? Мицкоски може од Собрание, од телевизија и по телефон. Граѓаните не можат.
Граѓаните сега можат јасно да ги видат на дело сите овие „стручњаци“ на криминалната група ВМРО – почнувајќи од шефот на тендер-бандата, Христијан Мицкоски.
Можете ли да замислите како би се снашле во Корона -криза? Народниот правобранител веќе отвори предмет. Граѓаните чекаат. А Обвинителството сè уште молчи. До кога“, се вели во соопштението од опозицијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ го прозва обвинителот за случајот Гостивар:…
Клековски конечно прозборе. Во водата во Гостивар…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот од СДС кога…
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение упати критики кон претседателот…
СДСМ: Отруена е цела Македонија, а никој…
„Поради тендер патриотите Христијан Мицкоски и Сашо…
Манасиевски: Талогот од СДС и предавникот Филипче…
Талогот од СДС и предавникот Филипче не…
Каде одредени луѓе од „врвот“ на СДСМ…
На секоја афера која медиумите ќе ја…