СДСМ: МВРО-ДПМНЕ на старите патеки, набавуваат сомнителен софтвер за прислушкување

t

ВМРО-ДПМНЕ повторно се враќа на старите патеки, вели на прес-конференција, Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ.

– Повторно воспоставување на режимските практики, на контрола преку заплашување и прислушкување на новинари, активисти и неистомисленици на власта.

На почетокот на мај оваа година МВР потпишало Договор за набавка на софтвер кој се користи за прислушкување и шпионажа на телефонските уреди.

Дали следењето и прислушкувањето новинари, активисти и политички неистомисленици се таргет на МВРО-ВМРО?

Софтверот “Селебрајт Инсајтс Про” како и “НовиСпај” се алатки развиени за потребите на српската Безбедносно информативна агенција.

Проблематично е тоа што во светските медиуми и официјални соопштенија на Гугл, за овој софтвер се наведува дека бил користен за следење на новинари и активисти.

“Амнести интернешнл” во својот извештај објави целосно истражување и форензички резултати за овие случувања.

Сега МВР набавува годишна лиценца за софтвер Cellebrite Inseyets Online Pro, годишна лиценца за Recon ITR, Recon Lab, Exterro FTK Enforcement Bundle за 9 милони денари.

Ова се скандалозни и загрижувачки информации.

Зошто МВР го избра најсомнителниот софтвер, познат по низа скандали и незаконско следење?

Ќе се прислушкува ли повторно „на големо“ и тоа без соодветни одобренија од правосудните органи?

Ќе има ли кој да контролира и како би се контролирало недозволено следење, снимање, упад во комуникациите на граѓаните?

МВР должи одговори на јавноста, истакна Илиевски.

Инфомакс претходно објави детализ а сомнителниот софтвер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР: Констатирани 140 прекршоци и осум кривични…

Секторот за сообраќајни работи при Министерството за…

Странските државјани можат онлајн да ги плаќаат…

Странските државјани кои со возила со странски…

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО по допрен глас да отвори…

„ВМРО-ДПМНЕ го повикува Јавното обвинителство по допрен…

ВМРО-ДПМНЕ: Абази го затвори предметот за модуларните…

Пет години по оформувањето на предметот, ОЈО…

Филипче: СДСМ нема да биде алиби за…

СДСМ нема да биде алиби на власта…