Објавено на:

СДСМ: Мицкоски не смее да му писне на Меџити за 200 дивоградби, срамно

t

Секој ден што минува, сè појасно станува дека власта ја штити урбаната мафија и криминалот со дивоградбите.

Повеќе од 150 дивоградби се пријавени во општина Чаир. Доказите се јавно објавени.
Станува збор за масовна урбана мафија, над 150 објекти изградени без дозволи, без основни услови за безбедност, без гаранција за запазени стандарди во градење, истакна на прес-конференција советничката од СДСМ во Град Скопје, Љубица Јанчњва.

– Објекти, за кои постои основано сомневање дека се на диво приклучени во мрежата на ЕВН.

А што прави МВР на Тошковски, што прави власта на ВМРО-ДПМНЕ?

Нема абер за отворање постапки против никого.

Министерот Панче Тошковски замижува, Мицкоски не смее да писне.

Во Македонска Каменица, е поднесена кривична пријава за граѓанин кој само си го менувал покривот.
За еден случај во Македонска Каменица поднесена е кривична пријава, а за над 150 дивоградби во Чаир ништо.

Нема поголем доказ за селективноста и штитењето на криминалот.

Власта ги штити бизнис интересите на урбаната мафија и на своите коалициски партнери.

Зошто премиерот Христијан Мицкоски молчи?

До кога ќе коленичи пред ВЛЕН?

Дали и Мицкоски е влезен во оваа криминална шема?

СДСМ бара итна истрага за целиот случај и одговорност од сите вклучени.

Ако државата навистина е правна, тогаш нема недопирливи – ниту градоначалници, ниту совенитици, никој.

СДСМ нема да молчи. Ќе продолжиме гласно да се бориме за правда и за одговорност пред законите на сите. – вели Јанчева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Мицкоски не смее да му писне…

Секој ден што минува, сè појасно станува…

СДСМ заврши над 90% од патот низ…

Со особено задоволство го одбележуваме завршувањето на…

Нов скандал во МВР, милионски тендер за…

Прес-конференција, Каја Шукова, потпретседателка на СДСМ -…

Филипче од Берлин: Овде сум да ги…

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко…

Филипче на средба со вицеканцеларот Клингбајл: Европската…

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р…