СДСМ: Пациентите од Гостивар се пренесуваат во Тетово за операции и породување

t

Мицкоски и Клековски ја отруја и болницата во Гостивар, кризата со водата во Гостивар премина во здравствена катастрофа, велат од СДСМ.

„Стерилизаторите не работат поради загадената вода. Операции, ортопедија, гинекологија, урологија – сѐ е блокирано. Здравјето и животите на граѓаните се директно загрозени. Мицкоски и Клековски сѐ уште одбиваат да ја кажат вистина. Нема официјален документ со кој се потврдува дека водата е чиста – затоа што никој не сака да потпише и да преземе кривична одговорност. Водата беше прогласена за „технички исправна“ само затоа што Мицкоски тоа го рече. Сакаше да изгледа како спасител. Резултатот: граѓаните се капеа и ги миеја садовите со вода во која има опасна бактерија. Три цистерни вода за град од 50.000 жители. Тоа е сѐ што понудија. Сега ја отруја и болницата. Го загрозија целото население“, велат од СДСМ и додаваат дека одговорноста е на премиерот Хистијан Мицкоски и министерот за здравство Сашко Клековски.

Партијата бара Обвинителството веднаш да реагира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Пациентите од Гостивар се пренесуваат во…

Мицкоски и Клековски ја отруја и болницата…

МВР поднесе кривична пријава против лице кое…

ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.Г.(52)…

Важно соопштение до прилепчани! Водата во Плетвар…

Поради утврдена здравствена неисправност на водата, надлежниот…

Ѓорѓиевски: Парична помош за 456 онколошки пациенти…

Во текот на наредните два дена, 456…

Трамп: „Неверојатно дволичниот“ Иран молеше за разговори,…

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изјави…