Ѓорѓиевски: Парична помош за 456 онколошки пациенти во наредните два дена
Во текот на наредните два дена, 456 онколошки пациенти ќе добијат парична помош, сподели денеска скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на неговата Фејсбук-страница.
– Во миговите кога животот нè соочува со најтешките предизвици, нашата човечност се мери со подготвеноста да подадеме рака, да покажеме разбирање и да бидеме поддршка за оние на кои им е најпотребна. Водени од искрена грижа и одговорност кон нашите сограѓани, обезбедивме финансиска поддршка за лицата кои водат една од најтешките животни битки. Утре и во текот на наредниот ден, 456 онколошки пациенти кои аплицираа за еднократна парична помош ќе ги добијат средствата на своите сметки – информираше Ѓорѓиевски.
Тој додаде дека вкупно 1.200 пациенти побарале помош. Нивната документација, како што се појаснува во објавата на Фејсбук, се обработува со максимална посветеност и одговорност, а исплатата за сите кои аплицирале ќе била завршена во текот на наредната недела.
Според градоначалникот на Скопје, ова е јасна порака дека никој не е сам.
– Дека зад секоја борба постои некој што верува, сочувствува и помага. Дека и во најтешките денови постои рака што ќе ве поддржи, збор што ќе ве охрабри и надеж што никогаш не згаснува. Болеста може да го отежне патот, но, не смее да ја одземе надежта. Наша обврска е да бидеме покрај нашите сограѓани, не само со зборови, туку и со конкретна помош, грижа и човечност. Заедно сме посилни. Заедно можеме да ја вратиме надежта таму каде што е најпотребна – се додава во објавата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Светлана Колариќ нов Претседател на Советот на…
Општина Кисела Вода доби нов Претседател на…
Доктор Ацо ни го лекуваше целото семејство:…
Вчера во попладневните часови со неколку убодни…
Кардиолошката болница во Охрид демантира: Лекуваме и…
Специјализираната болница за кардиологија Охрид ја демантира…
Ѓорѓиевски контpa урбаната мафиja: За Paсадник ќе…
Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски,…
Дале индустриски кислород на Ковид пациенти во…
Кога од агенцијата за лекови на Босна…