СДСМ: Пациентите од Гостивар се пренесуваат во Тетово за операции и породување
Мицкоски и Клековски ја отруја и болницата во Гостивар, кризата со водата во Гостивар премина во здравствена катастрофа, велат од СДСМ.
„Стерилизаторите не работат поради загадената вода. Операции, ортопедија, гинекологија, урологија – сѐ е блокирано. Здравјето и животите на граѓаните се директно загрозени. Мицкоски и Клековски сѐ уште одбиваат да ја кажат вистина. Нема официјален документ со кој се потврдува дека водата е чиста – затоа што никој не сака да потпише и да преземе кривична одговорност. Водата беше прогласена за „технички исправна“ само затоа што Мицкоски тоа го рече. Сакаше да изгледа како спасител. Резултатот: граѓаните се капеа и ги миеја садовите со вода во која има опасна бактерија. Три цистерни вода за град од 50.000 жители. Тоа е сѐ што понудија. Сега ја отруја и болницата. Го загрозија целото население“, велат од СДСМ и додаваат дека одговорноста е на премиерот Хистијан Мицкоски и министерот за здравство Сашко Клековски.
Партијата бара Обвинителството веднаш да реагира.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хамнеи бара воена отштета од САД и…
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи,…
(Видео) Волкановски го нокаутира непоразениот Евлоев и…
Конечна потврда за тоа кој е најголемиот…
Бугарија избира претседател, близу 6,6 милиони граѓани…
Бугарија денес избира претседател. Право на глас…
Редови пред избирачките места: Почнаа вонредните парламентарни…
Во Србија во 7 часот почнаа вонредните…
Денес се празнуваат Светите маченици Тарах, Пров…
Тарах беше родум од Клавдиопол во Сирија;…