Сега не е време да се бараат виновници, вели Лазаров

t

Селекторот Кире Лазаров најавуваше брза игра на нашиот подмладен состав, но не успеа да го наметне тој ритам против атомските селекции на Норвешка и на Холандија. Тој не го крие разочарувањето, но и порачува дека ќе стори се за во клучниот меч да видиме една поинаква Македонија.

„Работиме напорно, навистина напорно. Можам да кажам дека атмосферата во тимот е одлична… во наше време кога ние правевме резултати немавме добра атмосфера во тимот, но се броеја победите. Сега е обратно, дефинитивно не е се во атмосферата, но работиме напорно за да ги израдуваме навивачите. Се тренира напорно, верувајте, напредуваме, но напредуваат и сите останати, затоа ќе мора да работиме уште повеќе за да го следиме тој тренд. Сега не е време да се бараат виновници, ние дојдовме овде за да се пласираме во втората фаза и пред нас е мечот за кој се очекуваше да биде клучен – дуелот со Аргентина. Целиот фокус мора да биде на тој натпревар, да биде пронајден начин да победиме и да си обезбедиме уште три силни натпревари, против Германија, Србија и против Катар. Тоа е желба на сите во репрезентацијата и ќе сториме се за да ја оствариме“, изјави селекторот Кире Лазаров.

Дуелот против Аргентина се игра утре со почеток од 18 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон: Со Трамп имавме многу конструктивен разговор…

Францускиот претседател, Емануел Макрон, изјави дека имал…

ЗАЛИВСКИТЕ ДРЖАВИ БАРААТ НОВ ДОГОВОР СО ИРАН

По повеќемесечната војна и серијата напади низ…

„Јас лично отепав седум стаорци“, вели жител…

Главниот град преполн со стаорци. Изминативе денови…

Нов Зеланд испрати два воени брода низ…

Два воени брода на Нов Зеланд поминаа…

ГОЛЕМИТЕ СИЛИ СЕ СОБИРААТ ВО ЊУЈОРК: ВОЈНИТЕ…

Њујорк оваа недела станува центар на глобалната…