Седум активни пожари низ Македонија

t

На ден 17.08.2026 година, до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои 7 се активни, 2 се под контрола, а 13 се изгаснати.

Активни пожари (7):
Општина Студеничани 1: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума).
Општина Студеничани 2: с. Батинци (ниска вегетација).
Општина Зелениково: с. Палиград (ниска вегетација и шума).
Општина Македонски Брод: м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки).
Општини Велес и Зелениково: с. С’лп, м.в. Горно Село (Општина Велес), со проширување кон с. Карабуњиште, с. Бузалково и селата Добрино и Тисовица (Општина Зелениково) (ниска вегетација, дабова и габерова шума и квалитетна дабова шума).
Општини Јегуновце и Сарај: селата Копанце и Туденце (Општина Јегуновце), со проширување кон с. Бојане (Општина Сарај) (мешана шума).
Општина Прилеп: с. Чаниште (ниска вегетација).

Пожари под контрола (2):
Општина Кратово: с. Железница (депонија).
Општина Делчево: Делчево (депонија).

Изгаснати пожари (13):
Општина Куманово: с. Табановце – м.в. Сланиште (ниска вегетација).
Општина Крушево 1: с. Алданци и с. Норово (ниска вегетација и нискостеблеста деградирана дабова шума).
Општина Крушево 2: с. Борино и с. Житоше (ниска вегетација и деградирана дабова шума).
Општина Прилеп: место викано Точила (ниска вегетација и жито).
Општина Долнени: с. Врапче и с. Бело Поле (ниска вегетација).
Општина Битола: с. Кажани (ниска вегетација).
Општина Ресен: кај фармата во Ресен (садници од јаболка).
Општина Штип: нас. Балканска (ниска вегетација).
Општина Желино: с. Церово (ниска вегетација, грмушки и нискостеблеста шума).
Општина Дојран: с. Фурка (ниска вегетација и капини).
Општина Струга: с. Делогожда (ниска вегетација).
Општина Росоман: с. Росоман (депонија).
Општина Студеничани: патот од с. Количани кон с. Пагаруша (ниска вегетација и ѓубре).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Седум активни пожари низ Македонија

На ден 17.08.2026 година, до 18:00 часот,…

Нови седум осомничени за транспорт на марихуана…

Досегашниот тек на истрагата, што од февруари…

Клековски повика на празнење на базените поради…

Мерките за справување со епидемијата на западнонилска…

Ноќна акција на МВР низ цела Македонија:…

Во текот на изминатата ноќ, на територијата…

Огнот кај Драгов Дол слабее, но пожарот…

Пожарната состојба во Македонија и понатаму е…