Семејство од Белград тешко повредено во сообраќајка на патот Битола- Прилеп
Семејство од Белград, Србија, е повредено во сообраќајка на патот Битола- Прилеп, односно сопружници и малолетно дете.
-На 15.08.2026 во 17.09 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Прилеп кај место викано “Петилеп” се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ‘бмв” со српски национални ознаки, управувано од Б.С.(46) од Белград и патничко возило “опел” со битолски регистарски ознаки управувано од З.М.(48) од с. Свето Тодори, Општина Могила. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.С. и неговите сопатници К.С.(46) и 15 годишен малолетник двајцата од Белград, констатирани во Клиничка болница Битола. Додека пак, другиот возач и неговиот сопатник М.В.(31) од Битола се здобиле со телесни повреди.
Известен е јавен обвинител, а увид бил извршен од увидна екипа од СВР Битола, соопшти полицијата. Инаку ова е втора сообраќајка во последните дестина дена каде повредени се српски државјани на патот Битола-Прилеп, информираат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Испораките на руски гас за Турција речиси…
Испораките на руски гас за Турција преку…
Во изминатото деноноќие 11 пријави за семејно…
Во изминатото деноноќие, на територија на целата…
Хоџа: Инвестициите во еколошки технологии носат почист…
Напредокот на терен е очигледен, а зелениот…
(Видео) Студентите предводеа национален протест во Тирана,…
Студентите и поддржувачите на албанската опозиција денеска…