Се огласи Вучиќ по веста за неговиот aтeнтат

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се обрати до јавноста по обелоденувањето на веста дека бил подготвуван атенатат врз него.
Вучиќ оцени дека можни причини за планираниот атентат врз него е борбата против нарко-картелите во Србија, но и дестабилизација на земјата.
„Сигурен сум дека сторивме многу со големите апсења на нарко картелите во Србија и тие не можат да функционираат ако немаат на поширок план, поддршка од одредени државни структури. Тука не се во прашање 10 милиони евра, туку стотина милиони и милијарди евра. Јас никој од тие лица чии имиња ги добив, ни сум видел, ни сум чул. Не постои лична работа. Исто така дестабилизација на Србија би можела да биде во интерес. Тоа се некои од можните причини“ – изјави Александар Вучиќ во интервјуто за ТВ Пинк, по повод сознанијата дека бил подготвуван атентат на него.
Запрашан дали е загрижен за информациите за атентатот, претседателот Вучиќ рече дека тоа е работа на надлежните органи.
– Во тоа писмо видов седум имиња. Надлежните органи ќе ги преземат сите мерки за да го спречат тоа. Таа земја од ЕУ беше многу коректна, многу фер. Нашите луѓе работат, имаат распишано потерници за одредени луѓе затоа што пишувале кој кому да го прати оружјето, кој да го земе и слично – објаснува тој и додава дека дестабилизацијата на Србија би била во интерес на многумина и дека Србија продолжува да се бори против криминалната група.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Советничките на Азески ќе ги олеснуваат преговорите…
Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко…
ЕУ да даде приоритет на интеграцијата на…
Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави денеска дека…
Вучиќ зема најмала плата од сите претседатели…
Иако вчера му беше зголемена платата, српскиот…
Гренел: Трамп сакаше економски развиен Балкан, дојде…
Поранешниот специјален пратеник на американскиот претседател Доналд…
Да не има македонски пасош? Германската полиција…
Веќе трет месец полицијата трага по Мирнеса С.…