Кристофер Хил: Европа го сака Балканот, не ги сака балканските проблеми
Поранешниот американски амбасадор Кристопфер Хил, кој денеска зборуваше на панелот Leading in the Hot Seat: Decisions That Shape Economies на самитот на „Македонија 2026“, ја истакна важноста од соработката на лидерите на балканските земји, но и посочи на изреката „Размислувај глобално, делувај локално“. Главна поента од овој панел беше дека лидерството се тестира во моменти на притисок, а донесувањето одлуки ги дефинира и економиите и индустриите.
– Апсолутно круцијално за лидерите е да ја разберат важноста на тоа да работат заедно со други лидери – истакна Хил, кој рече дека би било најдобро доколку балканските земји дојдат во позиција во Европската Унија да работат заедно.
Според него, потребна е поголема соработка меѓу земјите и лидерите во регионот.
– Европа го сака Балканот, но не ги сака проблемите на Балканот – рече Хил посочувајќи дека атрактивен предлог е заедно да работат Албанци, Срби, Македонци… и дека тоа би било голем пазар. Смета дека доколку балканските земји соработуваат, ќе имаат многу поголем напредок.
На истиот панел зборуваше и Светозар Јаневски, стопанственик и сопственик на „Тиквеш“, кој, меѓу другото, раскажуваше за периодот кога ја презел компанијата „Тиквеш“ и како го развивал бизнисот.
Според Јаневски, потребно е граѓаните, без разлика дали се Македонци или Албанци, да ја градат и развиваат земјата заедно, да се гради една нација. – Ова е сè уште неразбирливо за некои. Главно е како да се согласиме и како да бидеме заедно – рече тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
На барање на Пленковиќ, ЕУ ги смени…
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, во рамките на…
ЕУ и земјите од Заливот ја одложија…
Европската Унија соопшти дека ја одложува средбата…
Мерц бара значително намалување на буџетот на…
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави денеска дека…
(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…
Македонски јазик и култура постојат и тие…
(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…
Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…