Се урна воен авион во североисточна Франција
Воен авион се урна во вторникот доцна навечер во департманот Мерт и Мозел, на североистокот на Франција, а остатоците од леталото биле лоцирани со помош на дрон, соопшти градоначалникот на Понт-а-Мусон, Анри Лемојн.
Според неговите информации, несреќата се случила синоќа околу 23:35 часот, во областа меѓу населените места Розевил, Домевр-ан-Е и Тремблекур, меѓу Нанси и Мец.
Лемојн наведе дека на терен се ангажирани значителни сили на жандармеријата и противпожарните служби, кои работат на прецизно утврдување на местото на падот.
„Остатоците се забележани со помош на дрон, но во овој момент не можеме да изнесеме повеќе информации, бидејќи спасувачките екипи се на терен, а истрагата штотуку започна“, напиша градоначалникот на социјалните мрежи.
Во Розевил е формиран кризен команден центар, додека граѓаните се предупредени дека движењето во областа може да биде отежнато, пренесуваат медиумите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се урна воен авион во североисточна Франција
Воен авион се урна во вторникот доцна…
Марин Ле Пен профитира од хаосот на…
Откако избувнаа немири во градовите низ Франција…
Франција денес очекува 140.000 демонстранти
Меѓу 70.000 и 140.000 луѓе се очекуваат…
Експлодираа протестите во Франција: Повредени 40 директори…
Повеќе стотици средни училишта низ Франција и…
(Видео) Хаос на протестите на француските гимназијалци:…
Протестите на гимназијалците во Франција, кои започнаа…