Франција денес очекува 140.000 демонстранти
Меѓу 70.000 и 140.000 луѓе се очекуваат на протестите закажани за денес, 17 октомври, во Франција, пренесува ДПА. Повиците за собирање се насочени против високите животни трошоци, скапото гориво и ниските плати.
Министерот за внатрешни работи Лоран Нуњез најави остар полициски одговор доколку дојде до насилство. Во изјава за телевизијата Франс 2, тој рече дека против насилни демонстранти ќе се употребуваат гумени куршуми и шок-бомби. Властите предупредуваат на можни блокади и нереди.
Организаторите повикуваат на обновување на движењето „Жолти елеци“. На протестите планираат да се приклучат и млади кои веќе протестираат поради состојбите во образованието, а поддршка најавија и левичарски политичари.
Владата ја обвинува левицата, особено „Непокорена Франција“, за поттикнување немири пред претседателските избори во 2027 година. Од левицата возвраќаат дека незадоволството расте бидејќи властите ги игнорираат проблемите на младите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Полицаец се запали среде протести во…
Полицаец во Франција се запали откако демонстрант…
Франција распоредува 70.000 полицајци по најавите за…
Франција се подготвува за нови протести со…
Франција заплени 68 кг кокаин, информациите ги…
Како резултат на успешната меѓународна полициска соработка…
Речиси 1.000 уапсени по вчерашните протести и…
Речиси 1.000 лица се уапсени откако стотици…
Се урна воен авион во североисточна Франција
Воен авион се урна во вторникот доцна…