Се урна и Македонската берза: Тргувањето прекинато

t

Берзанскиот индекс МБИ 10 на крајот на тргувањето забележа голем пад од дури минус 8,65 отсто во однос на вчерашниот ден, спуштајќи се на вредноста од 5.627,16 поени, што е најниско ниво уште од 21 септември минатата година.

Остар пад на вредноста на акциите денеска имаше на Македонската берза за долгорочни хартии од вредност, што доведе и до времено запирање на тргувањето. Берзанскиот индекс МБИ 10 на крајот на тргувањето забележа голем пад од дури минус 8,65 отсто во однос на вчерашниот ден, спуштајќи се на вредноста од 5.627,16 поени, што е најниско ниво уште од 21 септември минатата година.


Во црвено беше вредноста на сите десет акции кои што го сочинуваат берзанскиот индекс, при што загубата изнесуваше од минус 3,41 отсто кај Макстил, до 11,48 отсто кај Макошпед Скопје.

Берзанските аналитичари ваквиот „црн четврток“’ го објаснуваат како реакција на случувањата во Украина и стравувањето дека руско – украинската криза може да се одрази врз домашните компании.

Инаку, поради големиот пад на берзанскиот индекс тргувањето беше привремено прекинато.

„Ве известуваме дека согласно член 58а од Правилата за тргување, Македонска берза во 12:23:05 часот го прекина тргувањето на сите пазари на Берзата во траење од 30 минути. Прекинот на тргување е направен со оглед на тоа што индексот забележа пад од 8,39%, имајќи предвид дека статичките ценовни лимити изнесуваат +-10%“, соопштија од Берзата.

Нешто подоцна, од Берзата соопштија дека тргувањето продолжи во 12:54:00 часот, како и дека официјализација на денот на тргување ќе биде во 14:30 часот.

Инаку, според Правилникот за тргување до прекин на тргувањето може да дојде доколку почетната продажна цена на акциите отстапува за повеќе или помалку од 10 отсто од последната просечната цена на тргување на редовното тргување.

Брокерите велат дека ваквата реакција на инвеститорите на Берзата е очекувана, иако можеби пренагласена, со оглед на перформансите на македонските компании и малата зависност на македонската економија од руската, односно украинската.

Сепак, како што додаваат, домашните компании би можеле да имаат повеќе последици во случај кризата да ескалира и доколку дојде до нарушувања кај земјите кои се наши традиционални трговски партнери, пред се Германија.

Берзите во светот денеска исто така забележаа остар пад, иако тој беше многу помал отколку на берзата кај нас. За разлика од вредноста на акциите која отиде надолу, цената на енергенсите, како и на суровините се зголеми, како и вредноста на доларот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Официјално: Украина забрани секаков увоз од Русија

Украина официјално го забрани секаков увоз од…

Падна цената на нафтата откако Русија и…

Цените на нафтата паднаа под 106 долари…

Конечно: Минимален пад на цената на нафтата…

Цените на нафтата денеска паднаа под 125…

Ограничена маржа или пониски даноци – кој…

Новите правила на пазарот треба да ја…

Ангеловска-Бежоска: Банкарскиот сектор е во добра кондиција…

Банкарскиот сектор кај нас, според последните расположливи…