Левица: Владата троши, народот штети – Фискална консолидација на грбот на граѓаните
Во Собранието пристигна Предлог-ребалансот на Буџетот за 2025 година, кој од Владата беше претставен како продолжение на процесот на фискална консолидација и стабилизација на макроекономската состојба. Сепак, овој ребаланс претставува уште еден пример за структурно погрешна и длабоко класно пристрасна буџетска политика, реагираат од Левица.
– Наместо да се насочи кон прогресивна мобилизација на јавните приходи (преку повисоки даноци за профитабилниот капитал и високите приходи), Министерството за финансии повторно ја товари фискалната рамнотежа врз грбот на граѓаните, со минимални или непостоечки структурни реформи.
Во однос на капиталните расходи, постои селективна реалокација а не рамноправен развој. Спомнувањето на Министерството за одбрана како ресор со „добра реализација“ го отвора прашањето: дали државата ја гради економијата или ја милитаризира? Во услови кога образованието и здравствто тоне во недостиг од кадар и инфраструктурна руинираност, зголемувањето на воените буџети е антинароден потег.
Обезбедувањето дополнителни средства за зголемување на платите во МВР (за 10%), без истовремено вложување во јавните сектори кои директно го подобруваат квалитетот на животот, јасно укажува на клиентелистички приоритети – државата го наградува репресивниот апарат, додека наставниците и здравствените работници и натаму остануваат потценети и занемарени.
Министерството за финансии останува на проектираниот раст од 3,7%, базиран пред сѐ на „зголемена домашна потрошувачка“ и „инвестиции во инфраструктурата“. Но, оваа формула е веќе видена и не функционира во услови на стагнирачки реални плати, демографска депопулација и невработеност кај младите. Левица одамна предупредува дека овие проекции се базирани на вештачка статистика и краткорочен оптимизам. Впрочем и НБРМ изелзе со намалена прогноза на растот на БДП на 3%.
Предлог-ребалансот на Буџетот за 2025 година е технократски производ на постојниот неолиберален економски режим кој ги репродуцира класните разлики, ја потхранува централизацијата на капиталот и го маргинализира трудот, младите, сиромашните. – стои во објавата на Левица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АФД победи на покраинските избори во Мекленбург-Западна…
Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) извојува победа…
Левица предлага студентскиот оброк да изнесува еден…
Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, на денешната…
Левица гласаше против поддршка за онколошки случаи,…
Изгласан новиот ребаланс на буџетот - нов…
Левица: Три години се крши Законот за…
На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена…
СДСМ: Левица повторно ја игра улогата на…
Соопштение на СДСМ Левица најави дека во…