Се чисти коритото на реката Вардар во центарот на Скопје
Екипите на ЈП „Улици и патишта“ денеска започнаа со машинско чистење на коритото на Вардар во централното градско подрачје. Конечно, после многу реакции во јавноста, се чисти делот кај галиите, каде, како што информираат од претпријатието, машински се отстранува насобраниот шут и гранки во коритото на реката Вардар.
Оттаму велат дека активностите се спроведуваат согласно Програмата за одржување на коритото на реката Вардар, нејзините притоки, реките Серава, Лепенец, Треска и на отворените канали на подрачјето на Град Скопје за 2025година, а по налог на Град Скопје.
Екипите изминатиот период тековно ги извршуваат активностите со рачното отстранување на нискостеблестата вегетација од косините на реката. Рачното чистење продолжува да се извршува и во наредниот период согласно планот за работа и по налог на Град Скопје, велат од „Улици и патишта“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се чисти коритото на реката Вардар во…
Екипите на ЈП „Улици и патишта“ денеска…
Бизнис зделка на Касами го оштети буџетот…
Коалицискиот партнер на ДПМНЕ, Биљал Касами, којшто…
Циркус држава: Зошто МВР привремено го затвори…
Министерството за внатрешни работи направило инспекција во…
Додик: Немам намера да ги почитувам окупаторските…
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави…
СДСМ: Дури и нивниот градоначалник од Кавадарци…
СДСМ обвини дека ВМРО-ДПМНЕ шири невистини за…