СДСМ: Дури и нивниот градоначалник од Кавадарци ги демантираше лагите за Еразмус+
СДСМ обвини дека ВМРО-ДПМНЕ шири невистини за проектите преку програмата „Еразмус+“, со цел да ја одбрани актуелната в.д. директорка и да ги прикрие криминалните шеми. Од партијата посочуваат дека дури и градоначалникот на Кавадарци од ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, јавно ја демантирал сопствената партија, објаснувајќи дека проектот за кој тие зборуваат не бил за „тренирање магариња“, туку за обука на ученици и наставници во земја членка на ЕУ, за стекнување вештини и поттикнување претприемачки капацитети, меѓу кои и производство на сирење.
СДСМ потсетува дека извештајот на ОЛАФ, доставен до Јавното обвинителство, утврдува основано сомнение за злоупотреба на над 2 милиони евра европски средства, во кои се инволвирани повеќе од 50 физички и правни лица во Македонија и уште пет земји од ЕУ. Дополнително, спорни се и 8 милиони евра распределени во периодот 2014–2017 година, кога, како што велат, евалуаторки во Агенцијата биле Ана Михајлов и нејзината кумашинка.
„Клучното прашање е во чии џебови завршија милионите евра европски пари“, порачаа од СДСМ и побараа Јавното обвинителство итно да отвори истрага и сите одговорни да понесат одговорност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Димитриеска-Кочоска: „Весела математика“ се обвинувањата за задолжување…
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска ги…
Судење за „Пулс“: Одбраната прашуваше за статусот…
На денешното рочиште за пожарот во дискотеката…
Звучни имиња во телефонот на судијата Ѓоко…
Звучни имиња од политиката, бизнисот и лица…
Ѓорѓиевски најави нови мерки за спречување на…
Министерството за образование и наука и Град…
Кривични против двајцa кавадарчани за „предизвикување општа…
Кавадаречката полиција поднесе две кривични пријави поради…