Силно невреме во Италија, жена загина во поплавен подвозник

t

Невремето што од вчера ја погодува Италија продолжува да предизвикува сериозни проблеми низ целата земја. Една жена загина, десетици луѓе беа евакуирани, а во текот на денот беа пријавени поплави, одрони и паднати дрвја во Рим, Тоскана, Лигурија и други делови од земјата, пренесува агенцијата АНСА.

Во Латисана, град во североисточна Италија сместен меѓу Венеција и Трст, една жена загина откако со автомобилот влезе во поплавен подвозник. Возилото целосно потонало под вода.

Силни поплави го зафатија целиот регион меѓу Латисана и крајбрежниот град Лињано Сабијадоро, кој се наоѓа во североисточна Италија на јадранскиот брег, западно од Трст. Лињано Сабијадоро е делумно под вода, а пожарникарите со часови интервенираат на бројни локации. Поплавени се подруми, гаражи, домови и патишта.

Во источниот дел на регионот Венето, во пошироката област на Венеција, пожарникарите до средината на претпладнето примиле 130 повици за помош. Биле извршени околу четириесет интервенции, додека околу 90 сè уште чекале на реализација. Областите Сан Дона ди Пјаве, Ераклеа, Каорле и Сан Микеле ал Талјаменто беа особено тешко погодени.

Во областа Валтелина во Ломбардија, во текот на ноќта се случи голем одрон над селото Катаеџо. Евакуирани се четириесет и пет лица кои се сместени во три хотели, а училиштата се затворени. Во тек се проценки за да се утврди дали постои ризик од понатамошни одрони.

Невремето го попречи и железничкиот сообраќај. Железничкиот сообраќај меѓу Портогруаро и Трст беше прекинат поради временските услови, при што некои возови доцнеа повеќе од еден час. Беше воведен заменски автобуски превоз. Во Тоскана, во текот на 12 часа, беа регистрирани повеќе од 63.000 удари на гром. Во Чечина, за помалку од два часа наврнаа повеќе од 80 милиметри дожд, што предизвика поплавување на подруми и подземни гаражи. Во Трст беа поплавени бројни улици, а на некои места нивото на водата достигна 15 сантиметри. Се поместуваа капаците од шахтите, а имаше и проблеми во сообраќајот и прекини во снабдувањето со електрична енергија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Силно невреме во Италија, жена загина во…

Невремето што од вчера ја погодува Италија…

Врнежи, ветер и заладување за време на…

Под влијание на циклонска активност за време…

Гоцевски: На Борис Трајковски му извршија атентат

Поранешниот министер за одбрана Трајан Гоцевски изнесе…

(Видео) Четворица мажи избодени среде Лондон, полицијата…

Четворица мажи биле избодени денеска попладне во…

Одбраната на екс директорот Анакиев: Ниту барал…

Ексдиректорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе…