Објавено на:

(Видео) Четворица мажи избодени среде Лондон, полицијата уапси седум лица

t

Четворица мажи биле избодени денеска попладне во Лондон, по што полицијата уапсила седум лица. Нападот се случил на улицата Бромли Хај Стрит, во југоисточниот дел на британската престолнина.

Сите четворица повредени биле пренесени во болница, а едниот од нив е во критична состојба, објавува „Телеграф“.

Според сведоци, нападот се случил во ресторанот „КФЦ“ на главната улица, каде што по инцидентот имало голема количина крв. Полицијата разговара со вработените во ресторанот, додека идентитетот на повредените засега не е соопштен.

На нападот му претходеле пријави за група луѓе вооружени со мачети на улицата. Еден од сведоците тврди дека напаѓачите користеле мачета.

Возач на автобус, кој пристигнал на местото неколку минути по нападот, изјавил дека според информациите што ги слушнал, било употребено таканаречено „зомби-нож“, односно големо оружје со долго сечило.

„Сè се случило во КФЦ. Полицијата ги испрашува луѓето откако пристигнав, а јас сум тука веќе два часа. Некој од продавницата „Ти-Кеј Макс“ рекол дека станувало збор за „зомби-нож“. Се зборува дека сцената била страшна и дека имало многу крв“, изјавил анонимниот возач.

Обезбедувач од блиска продавница, исто така анонимен, раскажал дека видел група млади луѓе со мачета.

„Се вратив од пауза и видов голем број полициски возила. Го оградија подрачјето и ги блокираа сите пристапи кон северниот дел на Бромли“, изјавил тој.

Полицијата продолжува со истрагата за нападот, а околностите и мотивот засега не се познати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Четворица мажи избодени среде Лондон, полицијата…

Четворица мажи биле избодени денеска попладне во…

Одбраната на екс директорот Анакиев: Ниту барал…

Ексдиректорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе…

Трамп направи исклучок: САД повторно издаваат иселенички…

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела продолжи…

Норовирус во Словенија? Над 460 ученици отсуствуваат…

Словенечките здравствени власти испитуваат што предизвикало масовни…

Швајцарија го имаше најтоплото лето

Швајцарија го регистрираше најтоплото лето откако се…