Синдикат на културата: „Плата нема“ – новото име на министерството за култура и туризам

t

„И понатаму две институции од областа на културата (НУ Стоби и ЈУ Универзална сала) НЕМААТ ПЛАТА за МЕСЕЦ МАЈ. Причината лежи во тоа што Министерството за култура ОДБИВА да ги почитува одлуките на Управните одбори на овие институции и бара платите да се исплатат спротивно на Колективните договори и важечката законска регулатива.“, стои во соопштението на Синдикатот на културата на Македонија.

„Имено, од Министерството за култура ТЕЛЕФОНСКИ СЕ ДАВААТ ИНСТРУКЦИИ за пресметка на платите СПРОТИВНО НА ОДЛУКИТЕ на Управните одбори, со образложение дека тоа било наложено од Министерството за финансии. “Како и досега” , сето тоа се прави без писмена потврда, оставајќи ги директорите под ризик да бидат обвинети за непочитување на законските одредби.

Безобразието оди дотаму што, кога институциите уредно ќе побараат писмен документ како основа за такви противзаконски насоки, одговорот е закана: „НЕМА ДА ЗЕМЕТЕ ПЛАТА СО МЕСЕЦИ”.

Со тоа, покрај кршењето на правото на плата, се загрозува и правото на здравствено осигурување по 30 јуни.

Бараме од Министерството за култура веднаш да ги исплати платите согласно одлуките на Управните одбори, а доколку повторно се повика на Министерството за финансии како кочничар на исплатата на платите согласно закон, бараме јавно да ги објави одредбите со кои ќе бидат поткрепени овие тврдења дека исклучиво Министерството за финансии е одговорно за кратењето на правото на плата на вработените во културата“, стои во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: ОХРИДСКИОТ ДОГОВОР НЕ Е ТАПИЈА НА…

Прес-конференција на ВЛЕН Пред дваесет и пет…

Номинирани амбасадори за Атина,Будимпешта,Сараево,Осло и Каиро

Поранешен директор на ЈП „Градски паркинг“, поранешна…

Аркин Јахији кандидат на ДУИ за градоначалник…

Демократската унија за интеграција на изборите за…

Пронајдена бомба во водите на Охридското Езеро

Вчера во 18:10 часот во Регионалниот центар…

Вработени во МВР без здравствено осигурување, ФЗО…

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) соопшти дека…