„Сите дома ќе ве заколам“: Гостиварец им се заканувал на домашните па доби кривична
Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице за продолжено кривично дело – Загрозување на сигурноста. Како што соопштија од обвинителството, обвинетиот 43-годишен гостиварец, вршејќи семејно насилство, во повеќе наврати, со телефонски јавувања и СМС пораки, се заканувал на неговата ќерка и на неговата сопруга со кои извесен период не живееле заедно.
На 8 март тој и лично дошол пред станот во кој престојувала сопругата со нивните три деца, ѕвонел на домофонот и по кратка расправија и се заканил дека „сите дома ќе ги заколе“.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гостивар поднесе и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НОВ НАПАД ВО ЦРНОТО МОРЕ: РУСИЈА ПОГОДИ…
Руските вооружени сили погодиле брод за насипни…
(Видео) НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ВО БАРСЕЛОНА: УАПСЕНИ НАД…
Во Барселона во саботата попладне се одржаа…
(Видео) Маскирани лица влегоа во кол-центар на…
Српските медиуми објавија дека во кол-центар на…
(Фото) Вучиќ чека во ред за да…
Во Србија во 7 часот почнаа вонредните…
Хакиран телефонот на зетот на Трамп: Кушнер…
Телефонот на Џаред Кушнер, зетот на американскиот…