(Видео) НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ВО БАРСЕЛОНА: УАПСЕНИ НАД 100 ЛИЦА, ОГРАБЕНИ 14 ПРОДАВНИЦИ И ИСКРШЕНИ ИЗЛОЗИ

t

Во Барселона во саботата попладне се одржаа насилни протести, при што учесниците кршеле излози и улични клупи, соопшти каталонската полиција, додавајќи дека се уапсени повеќе од 100 лица.

Протестите против властите биле организирани преку социјалните мрежи. Околу 500 демонстранти се собрале на плоштадот Каталонија, облечени во темна облека и со качулки, пренесува шпанскиот портал АРА.

По избувнувањето на првите инциденти, каталонската полиција и интервентните единици почнале да ги контролираат демонстрантите во центарот на градот, каде што во тој момент имало голем број туристи, пренесува агенцијата ЕФЕ.

Поради немирите, многу продавници ги спуштиле ролетните или ги заштитиле излозите со дрвени даски, поради што бројни купувачи останале „заробени“ во внатрешноста на објектите.

Изолирани групи демонстранти со покриени лица ги искршиле излозите на неколку деловни објекти, меѓу кои продавници за електроника, облека и обувки, како и оптики, а потоа ја ограбиле стоката. Тие палеле уличен мебел и тенди на терасите, поставувале барикади од контејнери за отпад и палеле мотоцикли и велосипеди.

Министерката за внатрешни работи на Каталонија, Нурија Парлон, изјави дека протестите не траеле долго и завршиле околу 23 часот. Таа потврди дека се уапсени повеќе од 100 лица, од кои најмалку 30 се малолетници.

Според неа, инцидентите ги предизвикале „неорганизирани“ групи кои не бранеле „никакво право“. Таа додаде дека младите ограбиле 14 продавници во центарот на градот.

Агенцијата Ројтерс наведува дека за време на протестите под мотото „Против системот“ биле подметнати околу 30 пожари. Во објавите на социјалните мрежи со кои се повикувало на протестот бил користен слоганот „Institut Indignats“, поврзан со движењето „Огорчени средношколци“ (Lycées Indignés), кое во последните денови било користено за организирање студентски собири во Франција.

На видеоснимките објавени на социјалните мрежи се гледаат луѓе кои останале во продавниците откако биле спуштени ролетните за да се спречи грабеж, меѓу нив и во стоковната куќа „Ел Корте Инглес“.

Други снимки прикажуваат демонстранти облечени во црно и со качулки како кршат излози и бегаат со украдена стока. Во некои случаи, според објавите, тие биле охрабрувани од луѓе што ги следеле на интернет.

Градоначалникот на Барселона, Жауме Колбони, изјави дека вандализмот во градот „нема да помине неказнето“. Тој најави и правни последици за старателите на сите малолетници кои учествувале во инцидентите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ВО БАРСЕЛОНА: УАПСЕНИ НАД…

Во Барселона во саботата попладне се одржаа…

(Видео) Отворањето на градилиште за луксузното одморалиште…

Компанија поврзана со Иванка Трамп и со…

Студентите бараат достоинство, а не привилегии, вели…

Амбасадорот на Албанија во Македонија, Денион Мејдани,…

Демократски сојуз: ДУИ сака да ја дестабилизира…

Демократскиот сојуз на Павле Трајанов ја обвини…

Вреди: ДУИ ги злоупотребува студентите за да…

Вреди обвини дека дел од студентските протести…