Сиљановска-Давкова-Бака: Потребни се реформи во меѓународните организации и кредибилно проширување на ЕУ
По повод одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската револуција, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Будимпешта присуствувала на работниот ручек, којшто за шефовите на делегациите го приреди претседателот на Унгарија, Андраш Бака.
Како што соопшти Кабинетот на претседателката, таа му упатила честитки по повод неговиот избор за претседател во август годинава и изразила подготвеност за продлабочување на македонско-унгарските односи преку политички дијалог, размена на посети и унапредување на економската соработка.
Сиљановска-Давкова се заблагодарила за принципиелната и гласна поддршка од Унгарија на македонските евроинтеграции и нејзиниот активен ангажман во рамките на „Вишеградската група“. Таа укажала на неопходноста од кредибилен процес на проширување, заснован на заслуги врзани за Копенхашките критериуми.
Од Кабинетот на Сиљановска Давкова наведуваат дека соговорниците разговарале за актуелните геополитички предизвици и потребата од јакнење на мултилатерализмот, како механизам за силни институции, што ќе им овозможи на малите држави поголемо учество во процесите на одлучување за глобалните прашања.
-Претседателката ги искажа своите ставови за потребата од длабоки реформи на меѓународните организации, премин од реактивна кон превентивна дипломатија како предуслов за ефективно справување со глобалната криза, како и за потребата од проширување на Европската Унија со земјите од Западниот Балкан – додаваат во соопштението од Кабинетот на претседателката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сиљановска-Давкова-Бака: Потребни се реформи во меѓународните организации…
По повод одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската…
Средба на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј со…
Денеска во Рим, Неговото Високопреосвештенство, митрополитот дебарско-кичевски…
„Конц-логор, деспотство од азиски тип“: Нови навреди…
Карлос Контрера, советник во Софија и потпретседател…
(Видео) Филипче: Ако дојдам на власт, правосудниот…
Венко Филипче во емисија на Алсат ТВ…
Израел најави затворање на Западниот Брег по…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им нареди на…