Сиљановска и Вучиќ разговарале за уште посилно поврзување во областите од заеднички интерес

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ синоќа објави дека разговарал со македонската претседателка, Гордана Сиљановска-Давкова, за регионални и билатерални прашања.

„Разменивме мислења за важни регионални прашања, понатамошно подобрување на соработката и можности за уште посилно поврзување во областите од заеднички интерес“, објави Вучиќ на Инстаграм.

Тој го оценил телефонскиот разговор како значаен и додал дека е истакната подготвеноста за продолжување на подобрувањето на односите меѓу двете земји.

„Србија останува посветена на зачувување на мирот и стабилноста и зајакнување на соработката со Северна Македонија, убеден дека тоа е во најдобар интерес на граѓаните на двете земји и на целиот регион“, напиша српскиот претседател.

View this post on Instagram

A post shared by Aleksandar Vučić (@buducnostsrbijeav)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сиљановска и Вучиќ разговарале за уште посилно…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ синоќа објави…

Од март се враќа задолжителниот воен рок…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера изјави…

Српската влада ги зголеми акцизите за горивата…

Српската влада ги зголеми акцизите за нафтените…

На телевизија во Србија вестите ги читаат…

Водители генерирани од вештачка интелигенција (АИ), кои…

Илјадници луѓе на протест во Нови Сад,…

Илјадници луѓе се собраа во саботата на…