Српската влада ги зголеми акцизите за горивата за 12,5%
Српската влада ги зголеми акцизите за нафтените производи за околу 12,5 проценти во споредба со минатата недела.
Според одлуката, која е на сила од денес до 28 јуни, акцизата за безоловен бензин изнесува 64,80 динари по литар, додека до вчера изнесуваше 57,60 динари. Акцизата за гасно масло (дизел) е зголемена од 59,23 на 66,64 динари по литар, а за оловниот бензин од 61,24 на 68,90 динари по литар. Во сите три случаи, ова е зголемување од приближно 12,5 проценти, пишува Бета, повикувајќи се на eKapija.
Се потсетува дека привременото намалување на акцизите беше воведено кон средината на мај како мерка за ублажување на последиците од зголемувањето на цените на нафтата на светскиот пазар. Во претходниот период, акцизите беа намалени за околу 20 проценти во споредба со законски пропишаните износи, пишува eKapija.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
19-годишен Македонец уапсен на српско-хрватската граница: ПРЕД…
Деветнаесетгодишен македонски државјанин е уапсен на српско-хрватската…
Уапсен е декан во Нови Сад –…
Деканот на Факултетот за спорт и физичко…
Србија го раскинува договорот со зетот на…
Српската влада донела одлука за раскинување на…
Обвинителството бара 30-дневен притвор за поранешен српски…
Вишото јавно обвинителство во Белград предложило судот…
Уапсени шест лица во Србија и Словенија…
Во заедничка акција на обвинителствата и полициите…