„Скромниот“ Роналдо повторно се истакна: Јас сум најдобар во историјата и точка!

t

Непосредно пред својот 40. роденден, Кристијано Роналдо во интервју за шпанскиот Ел Чирингито повторно покажа дека скромноста не му е најсилна страна.

Како многу пати во минатото, португалскиот ас се стави себеси на пиедестал и порача дека тој е најдобар.

„Досега постигнав 923 гола, но не ми е важно дали ќе стигнам до 930, 950 или колку и да е. Ако успеа да постигнам 1.000, супер, ако не, исто така е во ред. Но, бројките не лажат, јас сум најдобар фудбалер во историјата и точка!“, порача Роналдо.

Потоа го објасни своето тврдење со зборовите дека е најкомплетен од сите.

„Можеби ги преферирате Пеле, Меси или Роналдо. Тоа го разбирам и почитувам, но јас сум најдобар и најомплетен од сите. Не сум видел подобар фудбалер од мене, добар сум во игра со глава, добар изведувач на слобни удари, шутирам добро и со лева и со десна нога, брз сум, силен, високо скокам… Ако некој каже дека Роналдо не е комплетен фудбалер, тоа е лага“, додаде Роналдо.

Во продолжение од интервјуто, Португалецот истакна дека најсреќен бил во Реал, но дека се преселил во Реал затоа што сакал нов предизвик во кариерата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Макрон се заложи за понезависна ЕУ од…

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Брисел…

Еврото најслабо од ноември 2022 година во…

Еврото падна на почетокот на неделата поради…

СЗО предлага помал буџет по повлекувањето на…

аат и за финансирањето и работата на…

„Скромниот“ Роналдо повторно се истакна: Јас сум…

Непосредно пред својот 40. роденден, Кристијано Роналдо…

Јокиќ пак со трипл дабл, ама сега…

Екипата на Денвер Нагетс го совлада Њу…