„Скромниот“ Роналдо повторно се истакна: Јас сум најдобар во историјата и точка!
Непосредно пред својот 40. роденден, Кристијано Роналдо во интервју за шпанскиот Ел Чирингито повторно покажа дека скромноста не му е најсилна страна.
Како многу пати во минатото, португалскиот ас се стави себеси на пиедестал и порача дека тој е најдобар.
„Досега постигнав 923 гола, но не ми е важно дали ќе стигнам до 930, 950 или колку и да е. Ако успеа да постигнам 1.000, супер, ако не, исто така е во ред. Но, бројките не лажат, јас сум најдобар фудбалер во историјата и точка!“, порача Роналдо.
Потоа го објасни своето тврдење со зборовите дека е најкомплетен од сите.
„Можеби ги преферирате Пеле, Меси или Роналдо. Тоа го разбирам и почитувам, но јас сум најдобар и најомплетен од сите. Не сум видел подобар фудбалер од мене, добар сум во игра со глава, добар изведувач на слобни удари, шутирам добро и со лева и со десна нога, брз сум, силен, високо скокам… Ако некој каже дека Роналдо не е комплетен фудбалер, тоа е лага“, додаде Роналдо.
Во продолжение од интервјуто, Португалецот истакна дека најсреќен бил во Реал, но дека се преселил во Реал затоа што сакал нов предизвик во кариерата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почина проф. д-р Зоран Спировски, еден од…
Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален…
„Нема да нѐ снема“ – граѓаните на…
Со едноминутно молчење во знак на почит…
Пијан охриѓанец правел хаос на улица: Уапсен…
На 07.11.2026 во 23.45 часот, на улица…
Разбудени од кома двајцата полицајци што го…
Полициските службеници Јакуб Кулик и Артур Морањски,…
ЕК го пофали напредокот, приходите над 2,1…
Царинската управа во 2025 година собрала над…