Славевски: Алта банка е стабилна, сите процедури за купување на Стопанска банка АД Битола се спроведени согласно закон, консултирани се сите домашни и странски надлежни институции!
Алта банка АД Битола е стабилна, со висока капитација и ликвидност, а мерката „администрација“ од НБРМ е за заштита на банката, рече денес на надзорната расправа за Алта банка, Гувернерот Трајко Славевски.
Славевски одговараше на прашањата на пет пратеници, Сања Лукаревска од СДСМ, Ели Панова од ВМРО-ДПМНЕ, Сашко Јанчев од Левица, Фериде Хаџиу од ВЛЕН и Павле Арсовски од ЗНАМ.

НБРМ има со закон утврдени надлежности и обврски кога станува збор за давање на претходна согласност за лиценцирање на банка, членови на УО и НО, овде беше искористен максималниот рок од три месеци и се до донесувањето на конечната одлука за Алта банка АД Србија за купување на акции од Стопанска банка АД Битола, четири нивоа во рамките на НБРМ вршеа проверки врз основа на официјално прибавени документи од надлежни институции, нагласи гувернерот во одговор на прашањата на пратениците.
Согласно документацијата, се утврдил идентитетот на барателот, сопственичката структура и крајниот сопственик, а била остварена и директна службена комуникација со сите домашни и странски надлежни индтитуции, судови, финансиско разузнавање итн, објасни Славевски. Се проверувале и невообичаени трансакции на барателите за купување и немало пречки за давање на согласноста. Во врска со санкцијата од австрискиот регулатор за Алта банка Србија, објасни дека тоа е прекршочна санкција, што не е насочена кон забрана на дејност професија и тоа и по нашето законодавство не спречува купување на акции.
За укажувањата од Народна банка на Србија, Славевски извести дека од таму добиле мислење за работата на српската Алта банка, од каде не изразиле загриженост за работата на банката во Србија, никаде не било кажано било што што би упатило на било каква околност која би ја загрижило НБРМ.
Славевски кажа дека сите трансакции на Алта банка со Србија се во врска со редовното работење на клиентите на банката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Славевски: Алта банка е стабилна, сите процедури…
Алта банка АД Битола е стабилна, со…
АЛТА БАНКА има преку 30 милиони евра…
Продажба на Алта Банка А.Д Битола на…
НБРМ презеде контрола врз Алта банка во…
Народната банка воведе привремена администрација во Алта…
Собранието ја именуваше Арљинда Хасани Синани за…
На предлог на гувернерот на Народната банка…
НБРМ: Инфлацијата забавува и е во рамките…
Советот на Народната банка ги разгледа најновите…