НБРМ презеде контрола врз Алта банка во Битола: Граѓаните ќе можат да користат само 10.000 денари неделно!

t

Народната банка воведе привремена администрација во Алта банка АД Битола, а за физичките лица е определен неделен лимит од 10.000 денари за одлив од нивните сметки преку банкарските картички. Одлуката стапи во сила денеска, 1 ноември 2026 година, соопшти гувернерот Трајко Славески.

Мерката следува по јавно објавените информации за одземањето на дозволата за работа на Алта банка АД Белград и донесувањето одлука за исполнување на условите за поведување стечајна постапка во српската банка, која е акционер со квалификувано учество во Алта банка АД Битола.

„Во насока на заштита на билансот на Алта банка АД Битола и на интересите на нејзините штедачи, Извршниот одбор на Народната банка, на седницата одржана на 1 ноември 2026 година, донесе решение со коешто се воведува администрација во Алта банка АД Битола. Решението е веќе во сила“, соопшти Славески.

Тој нагласи дека мерката е привремена и дека не е воведена поради нарушена финансиска состојба на банката во Битола, туку поради случувањата поврзани со нејзиниот акционер во Белград.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НБРМ презеде контрола врз Алта банка во…

Народната банка воведе привремена администрација во Алта…

Собранието ја именуваше Арљинда Хасани Синани за…

На предлог на гувернерот на Народната банка…

НБРМ: Инфлацијата забавува и е во рамките…

Советот на Народната банка ги разгледа најновите…

Девизните резерви во Македонија изнесуваат 5,2 милијарди…

Девизните резерви на крајот од април оваа…

ММФ прогнозира инфлацијата од 4,5% и бара…

Најновиот извештај на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за македонската…