Следна е Молдавија: Борел тврди дека е под силен руски притисок
Молдавија е под зголемен руски притисок пред јунскиот состанок во Кишињев на Европската политичка заедница (земјите на ЕУ и нивните политички сојузници), изјави денеска Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел пред почетокот на министерскиот состанок за одбрана на НАТО во Брисел.
Молдавија денеска го затвори својот воздушен простор поради безбедносни причини, а по извесен период повторно го отвори.
Затворањето на воздушниот простор над Молдавија се случи еден ден откако претседателката Маја Санду ја обвини Москва дека планира да користи странски саботери, со цел да ја собори Владата на Молдавија, да ја спречи земјата да се приклучи на Европска Унија и да ја искористи во војната против Украина.
Нејзината изјава уследи откако украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела наведе дека Киев открил руски разузнавачки план „за уништување на Молдавија“.
Претседателката на Молдавија, која граничи со Украина, постојано изразува загриженост поради намерите на Москва кон поранешната советска република и присуството на руски војници во отцепениот регион Придњестровје.
Официјална Москва минатата година постојано негираше дека сака да интервенира во Молдавија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПДПР со демант и објаснување на денешниот…
Реакција и демант По повод видеото што…
Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…
*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…
Коцевски требаше да ги гони и своите…
Адвокатот Звонко Давидовиќ вечерва во „24 анализа“…
Бела куќа: Иран би можел да произведе…
Иран би можел да произведе нуклеарно оружје…
Медиуми: Историски пресврт, се вработуваат рекорден број…
Во државните институции се случува историски пресврт,…