Објавено на:

Снег и во април: На ова место утрово има најмногу наврнато

t

Најстудено утрово е на Попова Шапка со -4 степени, нула степени се измерени во Маврови Анови, а максимални седум степени во Демир Капија и Гевгелија.

На Попова Шапка има и најмногу снег 10 сантиметри.

Како што соопшти УХМР, најмногу дожд до 8 часот изутрина наврнал во Гевгелија каде се измерени шест литри на метар квадратен, во Претор и Дојран четири литри, Битола три, Крушево и Попова Шапка два литри, еден литар во Штип, Тетово, Крива Паланка, Охрид, Прилеп, Виница, Струмица, Дебар и Маврово.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне во јужните делови ќе има слаби локални врнежи од дожд. Од пладне облачноста ќе се намалува и ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.

Во Скопје, претпладне претежно облачно, од пладне облачноста ќе се намалува и ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Инстаграм“ воведува нова опција која ќе им…

Наскоро, Reels видеата ќе можат да се…

(Видео) Како можете да дознаете што Гугл…

Сите знаеме дека нашите податоци се собираат…

(Видео) Прекината хуманитарната акција за семејството Николовски…

Хуманитарната акција за семејството Николовски од Кратово…

(Фото) МВР на потег: Ова е едно…

Додека МВР го расчистува случајот со симнувањето…

НЕ НАСЕДНУВАЈТЕ НА ЛАГИ: Не е точно…

Не е точно дека исчезнатото 14-годишно девојче…