Снег и во април: На ова место утрово има најмногу наврнато
Најстудено утрово е на Попова Шапка со -4 степени, нула степени се измерени во Маврови Анови, а максимални седум степени во Демир Капија и Гевгелија.
На Попова Шапка има и најмногу снег 10 сантиметри.
Како што соопшти УХМР, најмногу дожд до 8 часот изутрина наврнал во Гевгелија каде се измерени шест литри на метар квадратен, во Претор и Дојран четири литри, Битола три, Крушево и Попова Шапка два литри, еден литар во Штип, Тетово, Крива Паланка, Охрид, Прилеп, Виница, Струмица, Дебар и Маврово.
Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне во јужните делови ќе има слаби локални врнежи од дожд. Од пладне облачноста ќе се намалува и ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне претежно облачно, од пладне облачноста ќе се намалува и ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 15 степени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Евромбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот…
Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис…
Иран објави информација за три опожарени бродови…
Два танкера и реморкер се опожарени во…
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…