Советот на Општина Гостивар ќе му додели 600 илјади денари на Црвен крст за справување со епидемијата во градот

t

Советот на Општина Гостивар едногласно донесе одлука за доделување 600 илјади денари на Црвениот крст за активности поврзани со справувањето со епидемијата на територијата на општината.

Средствата ќе бидат наменети за набавка и дистрибуција на вода за пиење, пробиотици и други неопходни средства за граѓаните кои се загрозени од епидемијата.

Покрај оваа одлука, членовите на Советот на вонредната седница низ куси дискусии ја разгледаа состојбата настаната по прогласувањето на епидемиска состојба на територијата на Општина Гостивар.

Во дискусиите беше посочено дека во овој период е потребна солидарност и заедничко делување, а не политички поделби.

Советниците ја поздравија и одлуката за формирање кризниот штаб, кој наскоро треба да одржи состанок и да предложи конкретни мерки за справување со состојбата.

Дел од советниците во дискусиите истакнаа дека на граѓаните им се потребни одговори на прашањата околу можноста за употреба на водата и какви се резултатите од анализите на водата од гостиварскиот водовод.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Советот на Општина Гостивар ќе му додели…

Советот на Општина Гостивар едногласно донесе одлука…

Иран изврши нови напади врз Кувајт и…

Иран попладнево изврши нови напади врз Кувајт,…

Кривична за четири правни и пет физички…

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе…

Драма во Молдавија: Има гориво за само…

Националната агенција за регулирање на енергетиката на…

Оваа ситуација треба да нè обедини сите…

Мојата последна порака е дека оваа ситуација…