Оваа ситуација треба да нè обедини сите гостиварци и не смее да се злоупотребува, порача градоначалникот на Гостивар

t

Мојата последна порака е дека оваа ситуација треба да нè обедини сите гостиварци и не смее да се злоупотребува, туку сите заедно да ја надминеме што е можно полесно и побрзо, изјави градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани.

Тој денеска на прес-конференција изјави дека по прогласувањето на епидемијата во Гостивар веќе е активиран Кризниот штаб.

„На мој предлог го активиравме Кризниот штаб по прогласувањето на епидемијата, кој ќе биде составен од сите релевантни институции и ќе соработуваме со единствена цел – што полесно да се надмине создадената ситуација во нашиот град“, изјави Лимани.

Тој истакна дека Советот на Општина Гостивар ќе одржи и вонредна седница, на која ќе се разговара за настанатата состојба и ќе се донесат одлуки за помош на граѓаните кои се соочуваат со оваа ситуација.

„Ќе објавиме и контакт број 071839300, на кој нашите граѓани кои немаат можност да излегуваат ќе можат да се јават, а мобилните тимови ќе им доставуваат вода и други неопходни работи, со единствена цел да им го олесниме секојдневното функционирање во овие денови“, изјави Лимани.

Градоначалникот Лимани нагласи дека се во координација со сите релевантни институции и дека се отворени за соработка со цел да се утврди вистината за овој случај.

Лимани, исто така, упати апел да се почитуваат препораките, при што им се заблагодари на компаниите кои им помогнаа на граѓаните на Гостивар, како и на локалните и централните институции.

„Мојата последна порака е дека оваа ситуација треба да нè обедини сите гостиварци и не смее да се злоупотребува, туку сите заедно да ја надминеме што е можно полесно и побрзо“, изјави на крајот Лимани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија собра 47 бомбардери способни за носење…

Според податоците од проектот „АвиВектор“, кој го…

ИРАН ЈА ИЗВЕСТИ РУСИЈА: Ниту еден атом…

Техеран ја извести Москва дека збогатениот нуклеарен…

Кинези во БиХ киднапирале петмина сонародници, за…

Двајца кинески државјани се уапсени во Босна…

Почина Рускиот амбасадор во САД

Рускиот амбасадор во САД, Александар Дарчиев, почина…

Позната компанија во стечај направила штета од…

Управата за финансиска полиција поднела кривична пријава…