Советот на Општина Гостивар ќе му додели 600 илјади денари на Црвен крст за справување со епидемијата во градот
Советот на Општина Гостивар едногласно донесе одлука за доделување 600 илјади денари на Црвениот крст за активности поврзани со справувањето со епидемијата на територијата на општината.
Средствата ќе бидат наменети за набавка и дистрибуција на вода за пиење, пробиотици и други неопходни средства за граѓаните кои се загрозени од епидемијата.
Покрај оваа одлука, членовите на Советот на вонредната седница низ куси дискусии ја разгледаа состојбата настаната по прогласувањето на епидемиска состојба на територијата на Општина Гостивар.
Во дискусиите беше посочено дека во овој период е потребна солидарност и заедничко делување, а не политички поделби.
Советниците ја поздравија и одлуката за формирање кризниот штаб, кој наскоро треба да одржи состанок и да предложи конкретни мерки за справување со состојбата.
Дел од советниците во дискусиите истакнаа дека на граѓаните им се потребни одговори на прашањата околу можноста за употреба на водата и какви се резултатите од анализите на водата од гостиварскиот водовод.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…