Совршена бура: Економска анализа со Кирил Миновски – загрижувачки бројки и неизвесна иднина на државата

Затворени се 7 илјади компанија за една година, јавниот долг надмина 60 проценти од БДП, инфлацијата за минатата година изнесува 6,7 проценти, никој не знае колку изнесувал растот на БДП минатата година, за жал експертите велат дека најтешката економска криза е пред нас.
Се на се пред нас е совршена бура од економска, енергетска и здравствена криза која може да доведе до целосен колапс на една кревка економија како македонската.
На оваа тема разговаравме со екс министерот за финансии, Кирил Миновски со кој детално анализиравме што ги очекува македонските граѓани во годината што следува.
Соогласно сите класификации, со јавен долг кој изнесува над 60 проценти од БДП, Македонија е веќе високо задолжена држава, долг кој за жал не поттикна економски раст, а можно е зголемување и на каматните стапки, вели Миновски.
Споредбено со периодот на владеење на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 до 2017 кога јавниот долг пораснал во однос на БДП за 14,5 % за периодот 2017 – 2021 јавниот долг во однос на БДП пораснал за 13,2 %. Во истиот временскиот период од 2006 до 2017 година, БДП-то во апсолутен износ пораснало од 6 милјарди на 10 милјарди евра, значи за цели 4 милјарди евра. Додека за периодот од 2017 година до денеска БДП-то се зголемило за 597 милиони евра.
За лошото владеење и катастрофалните економски политики Миновски вели дека цената ќе ја платат граѓаните.
Прочитајте ја целата анализа:
Министре јавниот долг ја надмина границата од 60 проценти во однос на БДП, што ќе значи ова за македонската економија, да очекуваме ли повисоки камати, намален економски раст и грчко должничко сценарио?
-Согласно на фискалните правила секоја држава која што има висина на јавен долг над 60% спаѓа во високо задолжена земја. Македонија границата над 60% ја помина уште пред една година. Потоа имаше отплата на дел од долгот меѓутоа јасно е дека тенденцијата за негово зголемување продолжува. За жал не гледам дека со јавниот долг се поттикнал економски раст, дека е изградена некаква позначајна инфраструктура. Напротив допрва се најавуваат изградбата на коридорите и инфраструктурните проекти којшто подолго време беа стопирани. Кога сме кај висината на каматните стапки јасно е дека периодот на негативни каматни стапки на меѓународните пазари на капитал нема вечно да трае. Никој не анализира што ќе се случи кога истите ќе почнат да растат. Тогаш цената на капиталот ќе се зголеми, трошоците на задолжување ќе се зголемат, што во услови на висок долг дополнително ќе ја усложни состојбата со долгот и неговото сервисирање. Ние имаме искуство со аранжмани со меѓународните финансиски институции во деведесеттите години и знаеме дека на крајот највисока цена ја плаќаат обичните граѓани.
Во вашиот мандат се организираа големи протести поради јавниот долг кој тогаш изнесуваше 46 проценти од БДП, процентуално гледано за колку се зголеми долгот во 11-те години владеење на ВМРО-ДПМНЕ, а колку за 5-те години владеење на СДСМ? Очекувате ли сега нови протести?
-За време на мојот мандат се пишуваа писма до инвеститорите, со цел да се оцрни Република Македонија, воедно се поттикнуваа и организираа протести кога ја издававме Еврообврзницата, со што се зголеми нејзината камата. Тогаш јавниот долг беше околу 45-46 %, а во континуитет во јавноста се говореше за високиот јавен долг, дури имаше и ткн. „калкулатори на јавниот долг“ каде во реално време се пресметуваше колку ќе треба да отплаќаат идните генерации. Денеска истите тие загрижени личности, речиси и да не спомнуваат за висината на јавниот долг, во услови кога според сите критериуми сме високо задолжена земја, додека не ми е познато што се случи и со калкулаторот на јавниот долг. Исто така, не ми е познато зашто одеднаш престана грижата за долговите што ќе ги плаќаат идните поколенија.
Годинава се уште немаме официјални податоци за порастот на БДП во Македонија, се шпекулираше со некаков раст од 4 проценти, но дали инфлацијата го изеде растот?
-Со инфлација од 6 % во 2021 колку што изнесува во најголемите економии од ЕУ, во услови кога имаме пад на БДП во 2020, за -6,1 %, не можеме да говориме за раст ниту во 2021 година. Сметам дека инфлацијата во 2021 година е многу повисока од онаа што беше проектирана за 2021 година (3%). Таа во реалноста е очигледно многу повисока.
Споредбено со вашето министерување и раководење на државата на претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, кумулативно колкав раст на БДП остваривте Вие, а колкав раст оствари СДСМ?
-За периодот од 2006 до 2017, значи за единаесет години јавниот долг пораснал во однос на БДП за 14,5 %, додека за периодот 2017 – 2021, односно за четири години јавниот долг во однос на БДП пораснал за 13,2 %. Во исто време на временскиот период од 2006 до 2017 година, БДП-то во апсолутен износ пораснало од 6 милјарди на 10 милјарди евра, значи за цели 4 милјарди евра. Додека за периодот од 2017 година до денеска БДП-то се зголемило за 597 милиони евра.
Официјалните информации велат дека инфлацијата минатата година го достигна нивото од 6,7 проценти, може ли да ни се случи хиперинфлација?
-Се надевам дека нема да ни се случи хиперинфлација. Сведоци сме на негативните искуства од минатото и од соседството и кај нас во определен временски период. Меѓутоа трендот на растот на цени кој се очекува да продолжи во 2022 година, сигурно ќе прави притисок за раст на номиналната плата, поради намалувањето на нивото на реалните плати. Сето тоа ќе ги зголемува тензиите во општеството, кое веќе подолго време живее во услови на зголемена нееднаквост и економско раслојување.
Цените на природно ѓубриво на светските пазари се дуплираа во рок од само еден месец, може ли ваквото покачување да ги доведе цените на храната до неподносливо ниво за граѓаните?
-Се разбира дека има простор за загриженост. Просечната плата во Македонија, е меѓу најниските во регионот и во Европа, а цените на храната како што можев да заклучам од една споредбена анализа, се повисоки споредено со земјите членки на ЕУ. Граѓаните ќе треба да се справат и со повисоките цени на храната, како и со повисоките цени на енергенсите, па и со последиците од неефикасниот здравствен систем, во којшто целокупниот товар за лекување и тестови беше префрлен врз граѓаните. Колку ќе бидат издржливи и трпеливи ќе видиме.
Се најавува одмрзнување на цените на основните продукти, ќе се шокираат ли граѓаните следниот месец кога ќе ги видат новите цени на основните продукти?
-Како што веќе споменав одмрзнувањето на цените на основните продукти, ќе значи намалување на животниот стандард на граѓаните и дополнително осиромашување.
Како влијае вештачкото зголемување на минималната плата во услови на високо ниво на инфлација?
-Растот на платите треба да биде поврзан со растот на продуктивноста на трудот. Меѓутоа во услови кога цените се европски, а нивното на минималната плата едвај овозможува скромна живеачка, треба да се изнајдат начини како истата да се зголемува, а при тоа да не се доведе во прашање одржливоста на бизнисите или тоа да не доведе до отпуштања од работа. Од друга страна зголемувањето на платите во јавниот сектор како резултат на зголемената минимална плата дополнително ќе го зголеми притисокот врз буџетот, кој што во континуитет има висок дефицит. Затоа секое решение пред да се донесе треба да биде добро обмислено, а не да базира на дневен ПР, затоа што во економијата многу од прашањата се меѓусебно поврзани и условени, а сосема е нормално секој поединец да сака подобар живот за себе и неговото семејство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Доаѓа невреме во Македонија
Во нашата Република Македонија се до петок…
Што се случува во РЕК Битола, врие…
Во моментов огромно полициско присуство има во…
Откако цела Македонија ги виде заканите кон…
Дел од родителите на починатите во трагедијата…
Се запали РЕК Битола! Се вклучил аларм…
Вториот блок во РЕК „Битола“ од утринава…
Koстадинов за ДПМНЕ: Нема отпор, нема храброст…
КАДЕ Е ПАТРИОТИЗМОТ, ВМРО-ДПМНЕ?! На вашата “патриотска”…