Солзи радосници на лицето на тетка Биљана од Кисела Вода

Во заедничка хуманитарна акција, денес Панчо ДНК и градоначалникот на општина Кисела Вода ги разубавеа празничните денови на тетка Биљана од населбата 11.Октомври во Кисела Вода.
„Крајот на неделата да го завршиме со убави вести. 😊 По нашата објава за тетка Биљана и финансиската ситуација во која се наоѓа, на наше големо задоволство градоначалникот на општината Кисела Вода, Господинот Орце Ѓорѓиевски се приклучи на повикот / акцијата и обезбеди – донираше тоа што Тетка Биљана го побара од нас како најбитна работа, а тоа е: електричен шпорет и дрва за да може да ги истурка ладните денови кои допрва доаѓаат.
Секоја чест за Господинот Орце кој треба да е пример на сите останати градоначалници насекаде ширум државата како не треба да се забораваат оние сограѓани на кои навистина им треба помош.
И најбитно од се, да не го заборавиме мотото #СитеСмеИсти “ – напиша стои на ФБ профилот на ДНК.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ШТО ПОБРЗО ДА ВИ СЕ ВРАТИ НАСМЕВКАТА…
Ана Костадиновска, која го придружуваше дуото ДНК…
Британски „Индипендент“ за Андреј од ДНК: Умре…
Угледниот британски весник „Индипендент“ посвети поголем текст…
Владимир Блажев ПАНЧО е во стабилна состојба…
Фронтменот на бендот ДНК, Владимир Блажев-Панчо, повреден…
Погребани членовите на ДНК кои загинаа во…
Членовите на бендот ДНК кои загинаа во…
Почина Сара Пројковска, придрижен вокал на ДНК
Со длабока жалост и неверица ве известуваме…