Сообраќаен колапс меѓу Хрватска и Црна Гора: Се чека по 10 часа, колоната возила е долга 20 километри
На граничните премини меѓу Хрватска и Црна Гора – Карасовиќи (Дебели Бријег) и Витаљина (Конфин) – од раните утрински часови има целосен сообраќаен колапс. Според информациите од теренот, формирана е колона возила долга повеќе од 20 километри, која се протега сè до Чилипи и Жупа Дубровник, објавија регионалните медиуми.
Како што пишува „Слободна Далмација“, југот на Хрватска доживеа целосен сообраќаен колапс овој викенд. Бесконечни редици автомобили се протегаат со километри по Јадранската магистрала, а утрово на граничниот премин Карасовиќи од Хрватска кон Црна Гора, чекањето било подолго од 10 часа.
Општината Конавле, во моментов е оптоварена со пристигнување на околу 10.000 возила, односно речиси 40.000 луѓе кои се во транзит и чекаат да ја преминат границата. Станува збор претежно за возила со француски, италијански и германски регистарски таблички, чии крајни дестинации обично се Албанија и Косово.
Белгија, Франција, Германија, Грција, Италија, Малта, Холандија, Португалија и Швајцарија (која не е членка на ЕУ, но учествува во Шенген) побараа привремено „замрзнување“ на постапката на системот EES, за време на која на државјаните на трети земји им се земаат отпечатоци од прсти и се фотографираат при влегување и излегување од Шенген зоната.
Хрватска не побара привремена или локална суспензија на биометриската регистрација, но Европската комисија го отфрли барањето на другите земји
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сообраќаен колапс меѓу Хрватска и Црна Гора:…
На граничните премини меѓу Хрватска и Црна…
Во Хрватска е уапсен е градежен работник…
Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…
Трагедија во Хрватска: Во пожар загинаа татко…
Три лица го загубија животот во пожар…
Министерството за одбрана на Хрватска се откажа…
Министерството за одбрана на Хрватска (МОРХ) се…
Хрватска ја услови Црна Гора: „Решете ги…
Хрватското Министерство за надворешни и европски работи…